| четврток, 6 декември 2018 |

Почина легендарната српска актерка Ружица Сокиќ

Познатата актерка починала утрово на 74-годишна возраст по долго и тешко боледување. Легендарната актерка боледувала од Алцхајмерова болест и починала на Одделението на неврохирургија во Белград. Дополнително ќе се соопшти денот на погребот.
Ружица Сокиќ е родена во 1934 година во Белград како ќерка на сосопственикот на весникот „Правда“, Петар Сокиќ. Уште како малечка била дел од радиодрамската група на Радио Белград, а во 1958 година дипломирала глума на Академијата за актерска уметност во Белград. Кратко време била член на Современиот театар, а набрзо потоа преминува во Ателје 212.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top