| четврток, 6 декември 2018 |

Германски пратеник порачува: В година ќе се обидеме да ја скршиме блокадата на Грција

peter vajs

Петер Вајс од пратеничката група на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Бундестагот вели дека жали што поради спорот со Грција, Македонија не доби датум за почеток на пристапните преговори. Тој за „Дојче веле“ ги коментира заклучоците на Советот за општи работи кои се тема и на заседанието на шефовите на држави и влади во Брисел.

„Многу жалам што поради несогласувањето на Грција, на Македонија сѐ уште не може да ѝ се одреди датум за почеток на пристапните преговори. Жалењето е уште поголемо и поради тоа што може да се одреди ваков датум за Србија, а не и за Македонија. Јас имам големо разбирање за македонскиот народ кој со голема загриженост гледа дека земјите од Западниот Балкан една по друга добиваат датуми за почеток на пристапните преговори, а нивната, и покрај спроведените реформи од последните години, останува надвор од тој процес. Состојбата во Европа секако дека повеќе е разбранувана од кога било досега. Гледаме дека грчката влада поради внатрешно-политичките тешкотии во моментов не е во состојба да спроведе разумен надворешно политички курс кон Македонија. Со многу колеги од Бундестагот сме едногласни во мислењето дека не може да прифатиме одлуката за Македонија поради приговарањето на Грција, година по година да се одлага. Затоа и сметам дека е неопходно во наредната година од германска страна уште еднаш да се покрене иницијатива, да се биде активен и да се направат сите обиди блокадата на Грција да биде скршена! Македонија залужи да ги почне пристапните преговори и вечното поместување од мој аспект не е прифатливо“, истакнува Петер Вајс за „Дојче веле“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top