| четврток, 6 декември 2018 |

Кина: Продуцент на цртан филм делумно одговорен за повредување деца

Кинескиот суд пресудил дека продуцент на еден популарен детски цртан филм е делумно одговорен за повредите кои ги претрпеле две деца кога нивен пријател ги заврзал за дрво и ги запалил, имитирајќи една сцена од цртаниот филм, објавија денеска локалните медиуми.

Кинеската новинска агенција „Синхуа“ објавила дека двајца браќа од источната провинција Џангсу, на возраст од седум и четири години, се здобиле со изгореници на 80, односно 40 проценти од телото, пренесува агенцијата АП.

Нивниот десетгодишен пријател кој ги запалил ѝ рекол на полицијата дека сакал да ја копира сцената од цртаниот филм кој го гледал.

Според процената на судот, одговорност за ваквата ситуација сносат законските старатели на десетгодишникот, како и продуцентската куќа „Криејтив пауер ентертејнинг“, која го произвела цртаниот филм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top