![moda1[5]](http://republika.mk/wp-content/uploads/2013/12/moda15.jpg)
Мантили, капути, панталони, кошули и посебно модните додатоци кога се во боја на камила изгледаат исклучително префинето и елегантно, речиси луксузно.
Мантил на есен, а капут во зима, се главни парчиња облека за студените денови. Многу се атрактивни и ако се во оваа боја, навистина даваат аристократски изглед.
Панталоните во оваа боја се добар избор за деловен изглед, а хеланките се интересни за тие што сакаат да ги комбинираат со туники. Дури и ако сте облечени од глава до петици во оваа бојан може да изгледа интересно. Кошула во оваа боја со златни копчиња изгледа многу луксузно.
За оваа нијанса особено се препорачуваат модни додатоци – чевли, високи чизми и чанти. Парчињата во оваа боја, без разлика дали станува збор за кожа или за друг материјал, на целата комбинација ѝ даваат посебна префинета елеганција.
Ако не сте голем љубител на оваа боја, можете да размислите барем за една марама околу врат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


