
Откако со песните “Мафијаш”, “Кеш”, “Робинка”… провокативните спотови и секси долната облека постигна инстант слава, патем и поттикна многу колешки да тргнат по нејзините стапки, Адријана Ацеска реши да ја смири топката. Овој период таа активно работи на новите песни и видеоспотови за нив, но, како што најави, нема повеќе да гледаме провокативни кадри.
Мислам дека публиката треба да добие од се по малку. Во спотовите на “Мафијаш”, “Кеш” и останатите песни имав за цел да ја кренам публиката, да бидат интересни и да содржат одредена доза на провокација, тоа и го сака народот, но мислам дека е доста. Сега сакам да се смирам, и да посветам повеќе внимание музиката отколку на тоа како се ќе изгледа визуелно”, изјави Ацевска за Вечер.
Она што е најново од фолкерката е песната Заљубена”, која веќе е промовирана во јавноста, а ја најави и новата тема Неверник”, која заедно со видеото треба да излезе пред Нова година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


