
Самостојниот истражувач од Хрватска Домагој Николиќ, кој смета дека геоглифот во близина на Свети Николе кај селото Црнилиште го означува гробот на Александар Македонски денеска пристигна во Свети Николе за да присуствува на празникот на градот, јави дописникот на МИА.
Николиќ вели дека доколку се докаже дека тоа е гробницата на Александар Македонски, ќе се смени не само историјата, туку и нашата иднина.
– Според мене се работи за гробницата на Александар Македонски. Јас своите аргументи ги темелам на моите читања на овој геоглиф, кој всушност по аналогните правила кои се работени по древните метафизички градби, како на небото, така и на земјата, геоглифот ја прикажува сликата на големата мајка која се огледува по точно математички, астрономски и геометриски, во чест на роденденот на Александар Македонски, кој го славиме секоја година на 21 или 22 јули и единствено во тие денови во зората на овој геоглиф е управуван со Касиопеја, изјави Николиќ.
Професорот од Скопскиот универзитет Аристотел Тентов рече дека на ова место има еден цел текст кој говори кој го изградил но, според него, кој е закопан во гробницата треба да покажат археолошките истражувања и тоа со современи методи.
Градоначалникот на Свети Николе Зоран Тасев изјави дека самостојните истражувачи досега најмногу придонеле за промоција на Свети Николе, а дали приказната за гробот на Александар Македонски е вистинска или не, рече тој, ќе покажат истражувањата на археолозите.
– Јас ќе го компарирам ова само со приказната за Лох Нес, никој не го видел чудовиштето од Лох Нес во езерото, но милиони туристи доаѓаат да го видат. Ние овде го имаме и геоглифот и локалитетот Била Зора и верувам дека во иднина ова ќе стане вистинска туристичка атракција, на што работиме на специјална програма, рече Тасев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Од Александар Македонски на Плоштад веќе нема да се слуша музика
-
Пронајден изгубениот град на Александар Македонски во Ирак
-
Бесплатни униформи и нови училиштa: Општина Аеродром ги следи светските стандарди во образованието (Видео)
-
Адидас произведе патики за тенис инспирирани од Александар Македонски (видео)


