| четврток, 6 декември 2018 |

СЕП: Македонија продолжува на нејзиниот европски пат

eu-mkd_g

Секретаријатот за европски прашања денеска преку соопштение го поздрави заклучокот на Советот на ЕУ дека Македонија доволно ги исполнува политичките критериуми за членство во ЕУ, но жали за неговата одлука да не ја прифати препораката на Европската комисија за започнување на преговорите петти пат по ред бидејќи не бил постигнат консензус од страна на сите земји членки.

Во однос на пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) Советот наведува дека ќе продолжи да ги решава идентификуваните реформи, вклучувајќи и спроведувањето на политичкиот договор од 1 Март како и отворените прашања со соседите, бидејчи веќе придонел во повеќето области на политиката, вклучувајќи и намалувањето на судскиот застој и напорот на земјата против организираниот криминал.

– Иако не е замена за започнување на преговорите, пристапниот дијалог на Високо Ниво (ХЛАД) е важна платформа за Македонија да продолжи во нејзиниот пат кон европската интеграција. Владата на Република Македонија ја предвидува работата што претстои, го поздравува финансискиот ангажман на ЕУ во Македонија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за 2014-2020 и се заложува за евро-интегративната агенда и добрите меѓусоседски и меѓуетнички односи артикулирани во заклучоците на Советот, посочува Фатмир Бесими, вицепремиерот задолжен за европски прашања.

Како што е веќе усвоен, во годишниот Акциски план на Владата за 2014 година, работата ќе продолжи кон успешното спроведување на Охридскиот рамковен договор, а дополнителни чекори ќе бидат направени за да се заштитат владеењето на правото, слободата на изразување и улогата на медиумите во општеството и Стратегијата за Ромите и човекови права, стои во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот Бесими.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top