Околу 4,5 милиони долари скриени во кутии за чевли пронајде истанбулската полиција во куќата на директор на државната „Халк банк“, објавија турските медиуми.
Полицијата спроведува обемна истрага за случаи на корупција и поткуп во државата.
Кутиите за чевли, кои биле полни со пари, се пронајдени на полици во домот на Сулејман Аслан, еден од 49-те приведени лица поради испитување во рамки на истрагата за корупција и поткуп.
Вчера беа уапсени и синови на министри и неколку познати турски бизнисмени. Потоа беа сменети од функција и пет комесари во истанбулската полиција поради финансиски измами, организиран криминал и шверц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


