| четврток, 6 декември 2018 |

Осуден велешанец што си ја силувал ќерката

tepana zena

Велешанецот Ј.К. (48), кој ја силувал својата ќерка, е осуден на десет години затвор за родосквернавење.

Пресудата е донесена врз основа на вештачењето на доктори од Психијатриската клиника Скопје.

Ќерката на силувачот живеела во негова близина и имала оформено свое семејство, била мажена и имала дете. Случајот го пријавила во мај минатата година, не можејќи да живее во тортура. Во обвинението стои дека таткото ѝ се заканувал на 24-годишната девојка дека ако прозбори ќе ја убие.

Како што информираа од МВР по апсењето, по разговорот со приведениот и со членови на неговото семејство, констатирано е дека осомничениот во изминатите две и пол години во повеќе наврати, со употреба на сила и закана ја злоупотребил својата 24-годишна ќерка и ја присилувал да имаат сексуални односи.

Осудениот  и порано бил пријавуван за кривични дела силување и кражба, за што му се изречени и затворски казни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top