| четврток, 6 декември 2018 |

Публиката ќе врати двајца отпаднати кандидати во „Икс фактор“

Синоќа во натпреварувачката фаза наречена „Домовите на судиите“, Емина Јаховиќ и Кики Лесендриќ испратија по три од своите кандидати дома.

Сите натпреварувачи се претставија со по две песни пред својот ментор и неговиот советник. Во случајот на Кики и неговата група „девојќиња под 27 години“, тоа беше британскиот новинар Скот Милс, со чија помош музичарот во следната фаза на натпреварување, полуфиналето и настапите во живо, ги понесе малата Илма Карахмет, Тамара Милановиќ и Александра Брковиќ.

Емина пак, со помошта и советите на својот сопруг, познатиот турски актер и музичар Мустафа Сандал, од групата „момчиња под 27 години“ реши да им даде шанса на Алекса Перовиќ, Лукијан Ивановиќ и Харис Цато.

Сепак, натпреварувањето нема да заврши за сите наптреварувачи кои нивните ментори ги испратија дома. Преку „Фејсбук“ страницата на банката спонзор на шоуто, Raiffeisen Club – Srbija, публиката може да гласа за својот фаворит од отпаднатите. За настапите во живо ќе може да се врати една девојка од групата на Кики и едно момче од групата на Емина, се разбира, баш оној кандидат кој ќе има најмногу гласови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top