
Јавното обвинителство денеска ќе го презентира упатството за утврдување на начинот на одмерување на казните во кривичните предмети пред претставници на дипломатскиот кор, професори по кривично право, претставници на Адвокатската комора и на невладини организации.
Новиот закон за кривична постапка почна да се применува од 1 декември 2013 година и со него се предвидени значајни промени во текот на кривичната постапка.
– Се менува инквизаторниот систем со акузаторен систем на постапување. Искуствата во земјите кои подолго го применуваат овој систем говорат дека без примена на институтот спогодување помеѓу јавниот обвинител и обвинетиот, (признавање на вина), не би можел да се примени новиот ЗКП онака како што е предвидено во неговите одредби. За овој институт да најде примена во практиката, треба да се воедначи казнената политика и начинот на одмерувањето на казните од страна на судовите. Од овие причини беа преземени активности за формирање Работна група за изработка на Упатства за утврдување на начинот за одмерување на казните во кривичните предмети при имплементација на Законот за кривична постапка, соопшти Јавното обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


