| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува расправата по предлог буџетот за 2014

СОБРАНИЕ

Во Собранието денеска ќе продолжи расправата по дополнетиот предлог на буџетот на Република Македонија.

Пратениците се очекува да се изјаснат и по предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција во Авганистан во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан – ИСАФ, за предлогот за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија, како и за предлог-одлуките за објавување јавен конкурс за именување член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и за објавување оглас за избор на членови на Комисијата за верификација на фактите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top