Барањето за нивно испрашување, како што пишува српски Блиц, е издадено од обвинителот за организиран криминал Миљко Радисављевиќ, кој барал од полицијата да утврди дали по тие средби е променета комуникацијата на оние врз кои се применувале мерки за таен надзор.
– Побарав известување за контактите на сите функциониери и службеници кои поради нивната функција можеле да имаат значајни информации за предметот против Родољуб Радуловиќ и Дарко Шариќ. Податоците се побарани и за оние за кои постојат само оперативни информации дека биле во контакт со тогашните осомничени, вели обвинителот за Блиц.
Под полициска истрага освен премиерот, ќе бидат и неговиот поранешен шеф на кабинет Бранко Лазаревиќ, неколку високи државни и полициски функционери, како и осудени соработници на Шариќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.