| четврток, 6 декември 2018 |

Предлогот за отворање на преговори со Македонија ќе се разгледа идната година, заклучи ГАК

Советот за општи работи на Европската унија (ГАК), денеска го донесе заклучокот за Самитот на Европскиот совет во однос на предлогот на Европската комисија за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, заклучувајќи, според најавите, дека „земјите-членки на Унијата ќе се вратат на ова прашање во 2014 година”.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, еврокомесарот за проширување Штефан Филе и претседавачот со Советот, Линас Линкевичиус, на прес-конференцијата што предмалку заврши потврдија дека е забележан напредок во Македонија, но признавајќи дека поради недостиг на консензус во ЕУ, земјата и овојпат останува без датум за почеток на преговорите за членство.

На прес-конференицјата по завршувањето на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите, во однос на нашата земја, претседавачот, Линас Линкевичиус (литвански министер за надворешни односи), образложувајќи го заклучокот за Македонија, ја услови нашата земја со Скопје, на што на реакција на дописникот на МИА од Брисел, тој посочи дека „знае кое е нашето име, но дека такви се правилата”.

– Забележан е прогрес во Скопје и Советот ќе се врати на тоа прашање во 2014 година – посочи Линкевичиус.

Комесарот за проширување, Штефан Филе, пак, беше поразговорлив во однос на нашата земја:

– Не ја кријам загриженоста во однос на БЈР Македонија. Имаме надеж дека осигуравме договор за нов пристап кон ЕУ-посветеноста во оваа змеја. Советот одлучи да се врати на ова прашање на база на ажурирање од страна на Европската комисија за понатамошниот прогрес во однос на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), вклучително и на имплементација на политичкиот договор од 1 март и на опипливите чекори преземени за промовирање на добрососедските односи. Имаме надеж дека земјата ќе ги искористи месеци за да напредува во реформите и работата со сите партнери за да излезе од статус-кво ситуацијата. Следниот чекор на европскиот пат може биде преземен наскоро – порача Филе.

За тоа дали Еврокомисијата напролет ќе подготви нов специјален извештај за Македонија пред јунскиот Самит на Европскиот совет, Филе посочи дека Комисија ќе го стори тоа ако постои основа за издавање на таков специјален извештај.

– Инаку, регуларен прогрес-извештај ќе се издаде како и секогаш, некаде во средината на октомври следната година – додаде Филе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top