Стружанецот Даниел Кајмакоски, кој го освои Балканот со својот глас и животна приказна и брзо стана еден од фаворитите на балканското шоу „Икс Фактор“, покажа уште една своја позитивна карактеристика со сликата што ја објави на својот Фејсбук профил.
Имено, од сликата може да се види дека Даниел не се срами од тоа што го работел во животот, вклучувајќи ја и работата на градилиште.
– Не потценувај никого поради неговата работа и не зборувај никогаш лошо за некого бидејќи незнаеш што се крие длабоко во него и низ што сè поминал во неговиот живот!!! – објави Даниел под сликата на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.