| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва ЕУ ги носи заклучоците за Македонија

evropska unija

Вечерва ќе се знае дали земјите-членки на Европската унија ги усогласија ставовоте за Макеоднија во поглед на препораката од Европската комисија до Европскиот совет за датум за старт на преговорите со нашата земја.

Вечерва ќе се знае дали земјите-членки на Европската унија ги усогласија ставовоте за Макеоднија во поглед на препораката од Европската комисија до Европскиот совет за датум за старт на преговорите со нашата земја. Во попладневните часови шефовите на дипломатиите ќе ги усогласуваат заклучоците кои ќе ги донесе Советот за секоја земја-кандидат поединечно, но извесно е дека заклучокот за Македонија ќе биде, тоа прашање да се отвори идната година. Иако во тој контекст првично се споменуваше јунскиот самит на Унијата, фактот што со него ќе претседава Грција, може да доведе до носење на заклучок во кој нема временски да се прецизира кога Советот повторно ќе се наврати на кандидатурата на Македонија.
Пред стартот на денешниот Совет за општи работи на кој треба да се дефинираат заклучоците, шефот на шведската дипломатија, Карл Билт, изјави дека, генерално, процесот на проширување е многу значаен и оти тој мора да го задржи моментумот.
„Чекори мора да се преземаат. Некои чекори можеби некогаш се мали, некогаш големи, бидејќи се врз основа на актуелните услови, но треба јасно да се каже дека тоа е процес кој продолжува. Ако се менувате, ние сме отворени“, изјави Билт, кој во контекст на Македонија беше многу краток.
„Се надевам дека ќе бидеме конструктивни за Македонија“, рече Билт.
Словачкиот министер за надворешни работи, Миролав Лајчак, пак говорејќи за тоа темите за кои ќе расправа денеска Советот, Македонија ја стави во „вечните теми“.
„Ќе зборуваме за Албанија, за Србија, Косово. За Македонија традиционално“, изјави Лајчак.
Предлог-заклучокот за Македонија, за кој расправаат министрите во Брисел, а кој не успеа да добие консензус на амбасадорско ниво, ја нотира препораката на Европската комисија за отворање на пристапните преговори со земјава, но за одлука за датум за преговори за земјава Советот да се наврати идната година.
Доколку и министрите за надворешни работи не постигнат согласност за заклучоците, за нив ќе се решава на Самитот на Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top