| четврток, 6 декември 2018 |

Етна се смири

etnaСтивна ерупцијата на вулканот Етна на јужниот италијански остров Сицилија, соопштија локалните власти.

По смирувањето на вулканот, аеродромот во блискиот град Катанија повторно е отворен за сообраќај. Тој беше затворен два дена, а за тоа време беа откажани или одложени околу 150 летови.

Ерупциите на Етна, која е највисокиот вулкан во Европа (3.350 метри), се честа појава, но последната, што почна во саботата, беше најинтензивна во послендите месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top