Икај Јусуф од Гостивар ќе биде македонски претставник на фестивалот „Турковизија“, манифестација која се организира по теркот на „Евровизија“, пишува Дневник.
„Животот е мечта“ е името на песната со која ќе настапи Јусуф, кој зад себе има 15-годишна музичка кариера со неговата рок-група „Бал ве кан“ (Мед и крв) и работи во средното економско училиште во Гостивар.
На двете полуфинални вечери, кои ќе се одржат на 17 и на 19 декември, во Ескишеир, Турција, ќе се претстават изведувачи од 24 држави. Финалето е закажано на 21 декември, а директен пренос ќе вршат повеќе национални телевизии, меѓу кои и вториот програмски сервис на МРТ.
– Ми се јавија од турската редакција на јавниот сервис да дојдам во Скопје и ми рекоа дека имаат интересна понуда за мене. Се сретнав со еден од главните продуценти на фестивалот. Тој ми објасни дека овој настан е пандан на Евровизија и бидејќи немало време да се направи конкурс за избор на изведувач и песна, ми понудија да настапам како претставник на Македонија. Тоа е голема чест за мене и без размислување го прифатив предизвикот – открива Икај за „Дневник“.
Икај Јусуф на фестивалот ќе се претстави со песната „Живот во мечта“ на која се јавува како комплетен автор и ќе ја изведува на турски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст