| четврток, 6 декември 2018 |

Студентката која што бакна полицаец, ќе одговара за сексуален напад

Италијанската студентка, Нина де Шифр (20) е обвинета за сексуален напад, бидејќи минатиот месец била фотографирана како преку кацига бакнува полицаец во опрема за разбивање на демонстрациите.

Таа фотографија стана симбол на мирољубивите протести во Италија. Сепак против Де Шифра е понесена кривична пријава поради сексуален напад.

Протестите избиле поради изградба на железничка линија, која треба да го скрати патот од седум на четири часа, од Милано до Париз.

 

-Замислете тој да ја бакнеше неа – би почнала трета светска војна. Или да ја удри по задникот: Таа би била згрозена…Бакнежот е позитивна работа. Но, во овој контекст, меѓу нив двајца тоа било само непочитување, изјави Франко Макари, генерален секретар на Синдикатот на италијанската полиција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top