
фото: Утрински весник
Второто издание на спортскиот алманах „Спорт бокс“ претпладнево ја имаше својата промоција. Во соработка со „Арс либрис“, истото е збогатено со специјален подарок, „Сервирај за победа“, книгата на еден од најдобрите.
Спортскиот алманах во полн сјај од денеска е достапен на сите продажни места на изданијата на МПМ, а пред читателите го презентираа главниот и одговорен уредник на „Македонски спорт“ и „Спорт бокс“, Игор Д. Ивановски, и претставникот на издавачката куќа „Арс либрис“, Дарко Фиданоски.
Во новото издание на алманахот може да се најдат сите потребни информации за претстојното Европско првенство во ракомет во Данска 2014 година, како и интервју со капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, селекторот Ивица Обрван и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
„Спорт бокс“ во второто издание одвои место за најсилната кошаркарска НБА-лига, каде што првпат настапува македонски кошаркар, Перо Антиќ, како и комплетна анализа за случувањата во тенисот во 2013 година. Во ова издание може да најдете кратка анализа за Зимските олимписки игри во Сочи, Русија.
Не пропуштајте да го имате в раце најдобриот спортски алманах во Македонија заедно со книгата на Новак Ѓоковиќ. Откријте кои се очекувањата на македонската ракометна репрезентација за ЕП во Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


