| четврток, 6 декември 2018 |

Путин третпат најпопуларен политичар

h_51141067Владимир Путин по третпат е политичар на годината во Русија, пренесува МИА. За рускиот претседател гласаа 32 проценти од учесниците во анкетата на Фондот „Јавно мислење“ за „најпопуларен политичар или општествен деец“ во 2013 година, објаи весникот „Комерсант“.

Ниту протестниот бран во 2011 и 2012 година не донесе нови личности на политичката сцена на национално ниво, коментираат социолозите од Фондот. На пример, опозиционерот и поранешен кандидат за градоначалник на Москва, Алексеј Навални, освои само еден процент од гласовите на анкетираните.

По Путин, на второ место се најдоа министерот за одбрана Сергеј Шојгу и лидерот на екстремно десничарската националистичка  Либерално демократска партија, Владимир Жириновски, кои освоиле по шест проценти од гласовите.

На трето место со два процента поддршка се лидерот на комунистите Генадиј Зјуганов и првиот човек на партијата Граѓанска платформа, милијардерот и поранешен кандидат за претседател, Михаил Прохоров.

Освен Навални, кој е лидер на нерегистрираната партија Народна алијанса, по еден процент поддршка добија и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и лидерот на парламентарната опозициска партија Праведна Русија, Сергеј Миронов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top