| четврток, 6 декември 2018 |

Место Марјана, ќе меша Накова – кои се двојките во „Танц со ѕвездите 2“

Втората сезона од популарното шоу „Танц со ѕвездите“ на Македонската радио телевизија ќе започне на последниот ден од 2013 година.

Продуцентот на „Дрим фактори“, Огнен Антов, за „Дневник“ откри дека, за разлика од лани кога мораа да внимаваат многу на танцот, овој пат на гледачите ќе им се понуди повеќе забава. Токму затоа подготовките на ѕвездите овој пат се покуси, со една цел – да се види поголем напредок кај нив.

Ланскиот победник кајакарот Атанас Николовски како ментор ја имаше Јована Василевска, која годинава ќе биде партнер на водителот Димитар Атанасовски.

На местото на партнерка на ланскиот финалист Илија Карадаковски, ќе се појави манекенката Александра Накова.

По Васил Зафирчев, Наде Миленкова годинава ќе танцува со музичарот Владимир Крстевски-Франц од „Нокаут“, а ланската партнерка на Александар Белов, Марина Овезовска, ќе биде инструктор на пејачот, актер и водител Влатко Илиевски.

Новинарката и телевизиска презентерка Маријана Димовска ќе биде во рацете на Боби Трајковски, а ланскиот партнер на Андријана Будимир, Мишо Спасовски, ќе се погрижи за танцовите потези на пејачката и композиторка Сара Мејс.

Актерот Мартин Јордановски ќе танцува со  Ивана Ристевска.

Од спортистите, годинава ќе играат каратистката Наташа Илиевска со партнерот Даниел Кимовски, пливачката Наташа Мешковска, која ќе биде под менторството на Роланд Паради, и ватерполистот и фотомодел Стефан Лошковски за кого ќе се погрижи Симона Веселиновска.

Како водител повторно ќе го видиме Тони Михајловски, кој сѐ уште не сакаше да открие која е неговата партнерка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top