| четврток, 6 декември 2018 |

Семејство два дена било заглавено во снежни планини, но се извлекле живи и здрави

Шестчлено семејство, Џејмс Глантон (34), неговата девојка Кристина Меклинте (25) и четирите деца (Еван и Клои Глантон, Шелби Фицпатрик и Тејт Меклинте) конечно биле пронајдени живи и здрави, откако со својот џип се превртиле во снежните планини во Невада (САД).

Всушност, во неделата, сите тие тргнале со намера да се забавуваат во снегот, меѓутоа сè тргнало на лошо кога нивниот џип не можел да тргне за назад. Во живот ги одржало тоа што ја изгориле резервната гума за да се стоплат и цело време се држеле заедно.

По нив била организирана масовна потрага, земјена и воздушна, а ги пронашле здрави и живи во вторникот со помош на телефонските сигнали и трагите во снегот.

Сите биле одведени веднаш во болница и за среќа во стабилна состојба – пишува „Daily mail“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top