
Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) денеска го одбележува Светскиот ден на планината – 11 декември. Целта е да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.
Ќе се одржат три планинарски тури чија крајна дестинација е спортско рекреативниот центар Матка, каде што во планинарскиот дом попладнето ќе се доделат награди и признанија на планинарите.
Првата планинарска патека е Скопје-Водно-Матка, втората е Матка/Манастир „Успение на пресвета Богородица“ – „Свети Спас“ – „Света Недела“ – „Свети Андреа“ со опција за пешачење кон манастирот „Свети Никола Шишевски“ и третата пешачка тура е Манстир „Успение на пресвета Богородица“-„Свети Андреа“-Кањон Матка со можност за посета на пештерата Врело со чамец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


