
Јапонија, Австралија и Франција се трите најздрави земји на светот, објави порталот „Мапи на светот“, а пренесе „здравство24“. Листата е направена според критериумите географска локација и просечен животен век . Јапонија е на прво место каде просечна возраст е 73,6 години. Шведска е на четвртото место, а по неа следат: Италија, Шпанија, Грција, Швајцарија, Монако и Андора.
Ваква слична листа е направена и во САД. Истражувањата покажале дека Американците ги менуваат навиките – ги откажуваат цигарите и вежбаат повеќе. Според извештајот на Фондацијата „Јунајтед“, Американската Асоцијација за јавно здравје и партнерство за превенција Хаваи е нивна најздрава држава, а потоа следат: Вермонт, Минесота, Масачусетс, Њу Хемпшир, Јута, Конектикат, Колорадо, Северна Дакота и Њу Џерси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


