Изгубен стан и блокирана сметка се причината поради која 66 годишната скопјанка Марица А. се обиде да се фрли од Камениот мост во Скопје. Случајниот минувач, кој во тој момент се нашол на мостот, за Република раскажува дела жената се жалела дека поради проблемите кои ги правел нејзиниот син, извршители и го одземале станот.
-И била блокирана и банкарската сметка, поради што не можела да си ја подигне пензијата. Сакајќи да и помогне, нејзината сестра и пратила пари на сметка, но и тие биле заробени поради големите долгови. Гладната и изнемоштена скопјанка немала повеќе волја за живот. И дадов пари за храна – раскажува момчето кое успеа да ја убеди Марица да симне од камената ограда.
Инаку денеска, десетина минути по 14 часот, Марица А. се обидела да се самоубие фрлајќи се од Камениот Мост. Според полицијата жената ги соблекла кондурите и се качила на огадата на мостот. случајниот минувач ја запрел во намерата да си го одземе животот. Била повкана Брза Помош и таа била одесена во болница.
ФОТО: БРАНКО АВРАМОВСКИ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.