Република Словенија е подготвена за соработка во областа на економскиот развој, беше заклучокот од заедничката средба во Струга меѓу амбасадорот Бранко Раковец и градоначалникот Зеадин Села, објави „Охрид прес“.
–Разговаравме за можностите за соработка на економското поле, за соработка на полето на развојот и констатиравме дека има можности пред се да соработуваме во областа на туризмот и земјоделството. Посетивме и една фирма во Општина Струга која успешно соработува повеќе години со словенечките фирми, а тоа е „Подгорка“, рече амбасадор Бранко Раковец.
фото:Охрид прес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.