Приврзаниците на десничарската партија „Златна зора“ денеска во Атина протестираа против изградбата на џамија во овој град. По 13 години од најавата за изградба на џамија, минатиот месец бил избран изведувачот на работите, откако претходно пропаднаа пет обиди за отпочнување на работите поради противење на некои групи на граѓани и православните верници.Во меѓувреме муслиманските верници изнајмиле станови во кои се молат. Во планот за изградба на џамија не е предвиено минаре, за да се смират страстите кај православните верници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.