Неочекувано но сосема заслужено Македонија со 3 : 0 го победи фаворитот Данска во пријателскиот натпревар кој националниот тим треба да го подготви за мартовската квалификациска средба со Белгија.
Данска која е 23 рангирана репрезентација на светот вечерва на Арената Филип Втори одигра под реномето.
Македонија започна фуриозно од самиот почеток кога со шансите на Тричковски и Ибраими најавивме дека можеме да ја победиме Данска. Сите голови во првото полувреме ги постигнаа Горан Пандев, Агим Ибраими и Николче Новевски.
Во второто полувреме македонскиот тим одигра рутинирано и не им дозволи на Данците да направат пресврт во играта и резултатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.