| четврток, 6 декември 2018 |

Алексиев: Македонските муслимани се предаваат на радикален ислам и Вехабистичка доктрина

Шефот на софискиот Центар за балкански и црноморски студии Алекс Алексиев тврди дека македонските муслимани кои што се припадници на Албанската заедница се предаваат на радикалниот ислам со помош на Вехабистички доктрини.  

Според него тие се финансираат со големи дози на пари од Саудска Арабија.

„ Овој процес е во напредна фаза“, вели Алексиев кој прашува;  „ Што би рекле вие доколку 5000 радикални муслимани се соберат пред општина Софија и почнат да фрлаат камења. Ова е моменталната состојба во Скопје“ , вели Алексиев. 

„Последиците од лажната криза меѓу Бугарија и Македонија може да има катастрофални последици за Македонија затоа што додека владата во Скопје се занимава со апсурди земјата е во опасност“, вели Алексиев за агенцијата Фокус. 

Вчера бугарските власти објавија дека нападот врз  Израелските туристи минатата година во Бургас во кој загинаа 8 лица бил извршен од активисти на милитантната исламистичка организација Хезболах.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top