Сѐ почна само со еден коментар, кој членката на жирито во „Икс-фактор“ Кристина Ковач го напиша на профилот на „Фејсбук“ на нашиот кандидат Даниел Кајмакоски, кој сега е под менторство на Жељко Јоксимовиќ.
– Да знаеш, драги Даниеле, дека тоа што Жељко ти е ментор не го менува моето мислење за тебе и не значи дека отсега натаму ќе те критикувам, туку само него, за сѐ што греши со тебе бидејќи со тебе не смее да се греши – напиша таа.
Жељко веднаш возврати на „Твитер“.
– Можам да му посакам на Даниел и на сите кандидати во мојата група кариера слична на мојата или на луѓето со кои сум работел, а Кристина Ковач да си ја гледа работата и својата група натпреварувачи за да не им се случи кариерата да им трае долго колку кариерата на групата „Петтиот елемент“ – објави Жељко алудирајќи на пропаднатата група на пејачката.
Расправијата кулминираше денес со статусот на Кристина, посветен на нејзиниот колега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.