
Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), традиционално, и оваа година се приклучува кон одлуката на Генералното собрание на Обиденинетите нации за одбележување на 11 декември – ,Светскиот ден на планината.
ФПСМ се придружува кон одбележување на овај ден за да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.
Оваа година Светскиот ден на планината ќе се одбележи в недела, на 15 декември 2013 година, со следнава програма:
Опција 1
Планинарска патека: Скопје – Водно – Матка (5 часа пешачење)
07.00 ч. Стартно место: ОУ Кочо Рацин (Обезбедени водачи на планина)
Опција 2
Планинарска патека: Матка / Манастир Св. Богородица – Св. Спас – Св. Недела – Св. Андреа (3 часа пешачење)
09.30 ч. Стартно место: Манастир Св. Богородица, Матка (Обезбедени водачи на планина) или опција кон манастир Св. Никола Шишевски
Опција 3
Пешачка тура: Манастир Света Богородица-Свети Андреја-Кањон-Матка (времетраење 1 час)
11.00 часот
Можност за посета на пештерата „Врело“ со чамец, зависно од временските услови (времетраење 1 час)
12.00 ч. (број ограничен)
Официјален дел од програмата
13.30 – 14.30 ч. Планинарски дом Матка, свечен собир и доделување на награди и признанија(Св. Андреа)
Гостите на настанот ќе можат да се освежат со планинарски чај во текот на целиот настан.
14.00 – 15.00 ч. Окрепување со планинарско гравче, колбас, … , добро расположение и дружење.
15.30 ч. Довидување идната година
Напомена:
– Потребна опрема за еднодневно зимско планинарење и движење во природа
– Aвтобус на ЈСП (бесплатетен, во организација на ФПСМ):
09.00 ч. Стартно место, Транспортен центар – Нова железничка станица, Центар – рекорд, Капиштец – Треска, Влае, Сарај се до Матка.
15.30 ч. Матка – Транспортен центар – Нова железничка станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


