Замислете си го местото во кое живеете, своето соседство и потоа замислете двојно повеќе згради и куќи, па потоа уште повеќе и уште повеќе…
Фотографот Мајкл Вулф се одлучил да го истражува токму таквиот начин на живот, поточно архитектурата. Својот проект – фотографирање на вакви згради го нарекол „Архитектурата на густината“. Тоа, всушност, е студија за урбаниот живот во кинеските градови.
– Ако го посетите Шангај или Хонг Конг, или, пак, кој било друг голем кинески град, секаде околу себе ќе ја видите оваа густина – сликовите Волф ја опишува својата студија.
Кина е најмногубројна земја на светот и само во еден кварт може да се соберат жителите на една мала земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.