| четврток, 6 декември 2018 |

„Виталија“, успешна семејна приказна, која сѐ уште се развива

„Виталија“ планира 25. роденден да го прослави во нов производствен објект, а 30. роденден да го одбележи со присувство во повеќе од 40 земји во светот

„Виталија“, македонската компанија за здрава храна, неодамна прослави 20 години од постоењето на фирмата. Како роденденски подарок дојде наградата „13 Ноември“ од Град Скопје за „5-ка за здрава храна“, проект за едукација на младата популација за здрава храна и за практикување здрав животен стил за здрави идни генерации.

Дваесетгодишното присуство на пазарот, не само во Македонија, туку и низ целиот Балкан, денес ја прави најголема компанија за здрава храна во Македонија. За водењето успешен семеен бизнис во Македонија, за навиките на Македонците во исхраната, за предизвиците со кои се соочуваат сето ова време, како и за плановите за иднина, разговаравме во Искра Ветаџокоска-Муцунска, управителка и косопственичка на „Виталија“.

Неодамна прославивте 20 години од постоењето на компанијата. Може ли да се води успешен семеен бизнис во Македонија?

Ветаџокоска-Муцунска: Да , токму „Виталија“ е извонреден пример за тоа. Приказната на „Виталија“ почна пред точно две децении и тоа со отварањето на нашата продавничка во Скопје, во која потрошувачите првпат можеа да купат диететски, макробиотски и вегетеријански производи, интегрално жито, производи од соја, нерафинирани шеќери и други прехранбени продукти со кои допрва се запознававме. Следејќи ги потребите на потрошувачите набргу почнавме со сопствено производство создавајќи конкурентни производи достапни за пошироката популација. Со успешна стратегија за развој, која вклучуваше иновативност, квалитет и професионален сервис, создадовме силна и етаблирана марка, која се позиционира на лидерско место не само во Македонија туку и во регионот. Денес успешниот тим на „Виталија“ има 150 вработени, кои се целосно посветени на задоволство на клиентите и кои енергично работат, ги создаваат и ги живеат вредностите на марката. „Виталија“ е извонреден пример како со професионален пристап кон работа, со чесност и посветеност може да се успее во реализирање на замислените идеи и цели.

vitaliija-11

Почнавте пред 20 години и условите за бизнисот тогаш и сега се многу поразлични. Со какви предизвици се соочувавте кога почнувавте?

Ветаџокоска-Муцунска: Сите големи идеи почнуваат со мали чекори. Нашиот прв чекор го направивме во 1993 година кога водени од европските трендови во нутриционизмот, ја преставивме идејата за промовирање на здравата храна кај македонскиот потрошувач. Во тој период на пазарот не постоеше перцепција за значењето на здравата исхрана, а иновативните идеи паѓаа пред традиционалните навики во исхраната. Едноставно, целата приказна  изгледаше како револуција на македонскиот пазар.  Но, со верба во сопствената идеја си поставивме задача да ги запознаеме потрошувачите со бенефитите на здравата храна, да им ја претставиме како инвестиција во сопственото здравје. Следеше онаа потешка страна за развој на бизнисот. Ни претстоеше интензивен период на едукација на населението  и тоа преку публикување бројни едукативни текстови и нутриционистички совети со кои успевавме позитивно да делуваме кон менување на прехранбените навики на консументите, воведувајќи ја здравата храна во дневното мени на секое семејство. Денес ги чувствуваме резултатите од вложениот труд. Нашите потрошувачи секојдневно го изразуваат и споделуваат со нас своето задоволство и благодарност и тоа токму преку  нашата Фан и веб страница и, секако, на консултативните средби кои редовно ги организаме во нашата продавница за здрава храна „Виталиа“.

vitaliija-0

Вашиот бренд е препознатлив и е синоним за здрава храна. Што велат вашите статистики, дали Македонците ги менуваат навиките во исхраната?

Ветаџокоска-Муцунска: Изминатите 20 години покажавме дека не сме насочени кон брза заработка туку кон создавање нешто што ќе остане како вредност на следните генерации. Македонскиот потрошувач интензивно го менува своето  размислување на тема здрава исхрана во позитивна насока, а „Виталиа“ е неговиот доверлив партнер. Креиравме здрави продукти кои помагаат во создавање на здрави генерации. Нашиот проект, „Петка за здрава храна“ за кој ја добивме престижната 13 Ноемвриска награда од градот Скопје , ги воведе децата од предучилишна и училишна возраст во светот на здравата исхрана и помогна во креирање на здрави прехранбени навики кај најмладите.  Задоволството од резултатот е видливо и кај наставниот кадар и кај родителите. Затоа нашата мисија во делот на едукација продолжува, а нашиот тим од доктори и нутриционисти подготвува нови, модерни и итерактивни методи на комуникација со децата.

vitaliija-2

Во последните години се повеќе за говори за начинот на подготовка на храната, за квалитетот и за она што е здраво да се јаде. Кои се вашите омилени производи и кои вие ги препорачувате?

Ветаџокоска-Муцунска: Брзиот начин  на живот, стресот и конзумирањето брза и нездрава храна се причина за многу заболувања и се разбира намалување на работната способност. Здравјето влегува преку устата. Токму затоа неопходно е да обрнете поголемо внимание на тоа што  секојдневно го внесувате во организмот. „Виталиа“ посветено работи на креирање на здрави и вкусни продукти со додадена вредност кои го следат динамичниот модерен стил на живеење. На потрошувачите им нудиме здрава алтернатива на омилените оброци. Такви се житните барови кои ги препорачуваме како здрава слатка ужинка но и најновите „GoNutri“ солени овесни крекери кои се вистински хит на пазарот. А за најтврдокорните сладокусци подготвивме неодоливо здраво задоволство со вкус на кокос, тоа се новите Biters мини барови.  Да ги споменам и веќе добро познатите овесни каши GoNutri кои воведоа нов квалитет во понудата на здрав појадок. Но не застануваме тука. Подготвуваме уште многу нови изненадувања.

Iskra vo proizvodstvo

Каде ја гледате иднината на вашата компанија?

Ветаџокоска-Муцунска:Нашето портфолио од 240 артикли  кои опфаќаат 11 категории на здрави продукти не прават лидери во производството на здрава храна во регионот. Наша понатамошна цел е зацврстување на таа позиција, но  и проширување на нови странски пазари со кои ќе се потврдиме како успешна извозна компанија под брендот Vitalia – Made in Macedonia. Развојот неминовно налага и нови инвестиции во производството но и проширување на палетата на производи кои се одвојуваат со својата иновативност и оригиналност.  Нашите амбиции се големи, а ние сме решени да успееме. Оттука, 25-от роденден на Виталиа ќе го прославиме во нов производствен објект, а веќе 30-от роденден ќе го обележиме со присувство во повеќе од 40 земји ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top