| четврток, 6 декември 2018 |

Во Јемен по грешка убиени 15 цивили

Петнаесет лица, кои патувале на свадба загинаа во воздушен напад во Јемен, откако нивната група била помешана со конвој на Ал Каеда.

Локалните безбедносни служби не соопштуваат податоци за авионот, кој го извршил нападот во централната провинција Ал Бајда. Племенски извори и локалните медиуми јавија дека станува збор за беспилотно летало, јави БТА.

– Воздушниот напад не ја погоди својата цел, туку возило со сватови. Десет лица загинаа на лице место, а уште пет, кои биле ранети, починале во болница, изјави претставник на силите за безбедност.

Пет лица се повредени во нападот. САД ги интензивираа нападите со беспилотни летала во операцијата против Ал Каеда на
Арапскиот Полуостров, која Вашингтој ја смета за најактивното крило на ектремистичката групација. Јемен е главниот бастион на групацијата и една од неколкуте земји, за кои САД признаваат дека во нив користат беспилотни летала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top