„People to People International Skopje Community Chapter“ и Советодавниот Центар за Родители и Деца при општина Гази Баба организираат хуманитарната забава „Забавувај се и помогни“. Хуманитарниот настан ќе се оджи во сабота(14.12) во Клубот на Новинари со почеток од 21:30 часот.
Оваа иницијатива е заедничка соработка помеѓу двете организации. Хуманитарниот настан го организираат средношколците што се дел од програмата Амбасадори на Мирот.
Собраните средства од хуманитарната забава ќе бидат наменети за подобро опремување на Клубот за Млади што функционира како дел од Советованиот Центар за Родители и Деца. На настанот ќе може да уживате во музички изведби од младинците од СОС Детското Село, ќе има продажба на рачно изработен накит од децата-членови во Советодавниот Центар и продажба на новогодишните картички од СОС Детското Село. Сите собрани средства од продажбата ќе бидат донирани.
Цената на билетите ќе биде 100 денари, а за средношколците и студентите цената на билетот е 50 денари.
Бидете хумани и помогнете. Ве очекуваме заедно да се дружиме и да им помогнеме на децата од Советодавниот Центар да имаат подобри услови за работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село
-
Лила во хуманитарна акција: Во денешно време тоа што ни остана е да покажеме дека сме луѓе !
-
Собрани сретства на хуманитарен базар за децата од Домот без родители „11 Октомври“
-
Еден тон капачиња им донесоа еден тон среќа на четири семејства


