| четврток, 6 декември 2018 |

Деми Ловато: Не можев ни половина час без кокаин

Младата пејачка Деми Ловато им се исповеда на своите обожаватели дека во периодот кога била зависна од дрога и од алкохол не можела ни половина час да издржи без кокаин.

– Го криев секаде, го шверцував во авион, ќе чекав да заспијат сите, а тогаш ќе отидев во тоалетот и го консумирав – рече пејачката и додаде дека во тоа време манипулирала со луѓето.

Иако е многу млада, веќе напиша и мемоари „Остани силна – 365 дена во годината“, кои беа објавени минатиот месец.

Нејзината мајка Дајана се сомневала дека се случува нешто со неа, но таа упорно го негирала тоа. Деми откри дека  боледувала и од нарушување  во исхраната и дека била во тешка депресија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top