| четврток, 6 декември 2018 |

НСА: САД најдобро се заштитуваат со шпионирање

Масовното собирање телефонски податоци е неопходно за да бидат прислушкувани комуникациите меѓу осомничени за тероризам, изјави шефот на Агенцијата за национална безбедност на САД – јавува ДПА.

Директорот – генерал, Кит Александер, нагласи дека не знае подобар начин Агенцијата да ги заштити САД од надворешни закани освен преку шпионски програми со собирање податоци за телефонски разговори и интернет комуникации.

Тој повика сенаторите да не ја прекинуваат програмата за собирање податоци бидејќи нагласи дека глобалните закани се зголемени особено во Ирак и Сирија што претставува „ризик“ за САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top