| четврток, 6 декември 2018 |

Врховниот суд на Австралија ги забрани хомосексуалните бракови

TAMARA BRAUN, EDEN RIEGEL, LYNNDA KAYE FERGUSON

Врховниот суд на Австралија, највисокиот правосуден орган во земјата, ги забрани денеска хомосексуалните бракови, неколку дена откако во престолнината Канбера беа склучени првите бракови меѓу двојките од исти пол, пренесува „А1он“.

Австралиски парламентарец и неговиот партнер беа меѓу првите двојки, кои склучија  брак од ист пол во Австралија викендов. Во саботата 38-годишниот Стивен Доусон, пратеник од опозициската Лабуристичка партија во регионалниот Парламент на државата Западна Австралија и неговиот партнер, 39-годишниот Денис Лиделоу, допатуваа во Канбера, за да склучат брак.

Истополовите бракови во престолнината беа одобрени во согласност со законот за територијална структура на Канбера, но Врховниот суд требаше да се произнесе за валидноста на законот на барање на австралиската федерална Влада. Законот за територијална структура на Канбера, противречи на австралискиот федерален закон, во кој е наведено дека бракот може да биде склучен меѓу маж и жена.

Одлуката на судот значи дека браковите на дваесетина истополови двојки ќе бидат поништени помалку од една седмица од нивното склучување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top