
Српската манекенка Мина Миленковиќ, која пред неколку месеци целата јавност и полицијата ги лажеше дека беше киднапирана и силувана, ќе чисти јавни тоалети. Судот одлучи 21-годишната манекенка да одработи 100 часа во “Градско зеленило”.
– Наскоро младата убавица ќе треба да земе метла и четка в рака за да чисти јавни површини и тоалети – пишува српски Курир.
Имено, пред извесно време таа по расправија со момчето избега, па потоа даваше лажни изјави дека била киднапирана и силувана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


