Почна “Новогодишниот саем на книги“ на Издавачката куќа “Феникс“ од Скопје. Со попусти од 50-80 % на сите изданија на “Феникс“, книгите и другите изданија ќе бидат изложени во двете книжарници на “Феникс“ на ул. “Борка Талески“ бр.48 (кај Универзална сала) и на ул. “Московска“ бр.5 (кај пазарот Тафталиџе).
Над 10.000 книги и други изданија и тоа: боенки, сликовнци, лектири за основно и средно образование, енциклопедии, бестселери, прирачници за дом, семејство и здравје, ќе бидат понудени на годинашниот “Новогодишен саем на книгата“ во “Феникс“, кој ќе се одржи под заедничкиот слоган “Книги за сите генерации“.
Саемот ќе трае до 10.1.2014 година, а просечната цена на книгите ќе биде 100 денари, додека боенките ќе се продаваат по 10 денари, сликовниците по 15 денари, лектирите по 50 денари, хороскопските знаци по 30 денари и слично.
Целта е на сите заинтересирани читатели, ученици, студенти и граѓани да им се овозможи да набават книги како најубав, но и најевтин подарок за другите, но и за нив.
Инаку, во текот на едномесечниот “Новогодишен саем на книгата“ во “Феникс“, ќе се одржат повеќе промоции, трибини, средби со писатели, курсеви за креативно пишување, сликање и дизајн на книги, а ќе бидат соопштени и добитниците на наградата “Прозни мајстори“.
Додека пак, во просториите на Културниот центар “Феникс“, покрај постојаната поставка на новосоздадените ликовни дела во “Галеријата на познатите“, ќе бидат организирани и повеќе ликовни изложби, креативни работилници и други книжевни презентации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


