| четврток, 6 декември 2018 |

Тајсон „персона нон грата“ во Британија

majk tajson uvoПоранешниот светски шампион во тешка категорија, Американецот Мајк Тајсон, го откажа своето гостување во Лондон, затоа што британските власти му забранија влез во земјата. Според британскиот закон, секој кој е осуден на повеќе од четири години затвор, забрането му е влегување во земјата.

Тајсон, кој пред 20 години отслужи затворска казна поради силување, требаше да гостува во Лондон за промоција на својата автобиографија „Неспорна вистина“.

Неговиот издавач Вотерстон, соопшти дека неодамна е променет миграциониот закон во Велика Британија, поради што Тајсон, наместо во Лондон, морал да отпатува во Париз.

Четириесет и седум годишниот Тајсон, судејќи по пораките кои во петокот ги остави на Твитер, не знаел дека ќе му биде забранет влез во Велика Британија.

-Па, британски издавачи, кој од вас е доволно храбар да излезе на ринг и да ми постави прашање- праша Тајсон на Твитер.

Тајсон во 1992 година беше осуден на затворска казна поради силување и отслужи седум години, а исто така во текот на кариерата бил осудуван поради физички напад, поседување на кокаин и возење во состојба под влијание на наркотици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top