Најново од последните примери за контроверзите во САД околу тоа каде и кога не е соодветно да се фотографира, Вашингтон пост посочува на недоличното однесување на дел од присутните гости на комеморацијата на јужноафриканскиот прв демократски претседател. Предничат претседателот на САД Барак Обама, британскиот премиер Дејвид Камерон и данскaтa премиерка Хеле Торнинг-Шмит кои повеќе се насочени кон самопортрети отколку за вистинско оддавање почит за време на комеморацијата за Нелсон Мандела, каде што тие се гости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


