| четврток, 6 декември 2018 |

Dell ја напушта берзата

dell

Dell официјално ги напушта берзите. Третиот по големина компјутерски производител ќе ги откупи сите акции, што ќе го чини 24.4 милијарди долари, соопшти агенцијата Reuters.

Договорот ќе се финансира од основачот на компанијата Мајкл Дел и приватен капитал од фирмата Silver Lake. Самиот Дел ќе обезбеди околу 16% од потребната сума, посочува The New York Times.

Дел од финансирањето е обезбедено од четири банки и 2 милијарди долари заем од софтверскиот гигант Microsoft. Се очекува постапката да заврши пред крајот на вториот квартал на фискалната 2014 година.

Главната цел на потегот е ослободување на Dell од одговорности пред акционерите. На овој начин компанијата ќе има поголема слобода при донесувањето одлуки за својата иднина.

Dell планира да ја користи оваа слобода за своето реформирање и повторно отворање. Компанијата одамна бара нови пазари и можности и се обидува да ја намали својата зависност од компјутерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top