Владата ќе најде начин соодветно да ги згрижи сите 1 600 лица кои беа примени на огласот за вработување на лица од социјално загрозените категории во ЈП Македонски шуми, посочи Зоран Ставрески.
-Сите лица што во рамките на конкурсот на ЈП Македонски шуми се примени на работа ќе бидат згрижени соодветно. Се бараат решенија соодветно на финансиските можности на различни институции на централно и на локално ниво. Можеби е потребно малку време, но за сите лица ќе се најде соодветно решение и ќе бидат работно ангажирани- порача Ставрески.
Би било добро секој, и локалната и централната власт, во делот на можностите да се направи напор да се згрижат одреден број нововработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


