| четврток, 6 декември 2018 |

Гандалф не e добредојден во Русија

Британскиот глумец Ијан Мекелен денеска рече дека британската влада го советувала да не оди во Русија поради антигеј законите кои владеат таму.

Мекелен, кој светската слава ја стекна со улогата на Гандалф во трилогијата „Господар на прстените“, за магазинот „Радио тајмс“ рече дека од Форин Офис го известиле дека не можат да го заштитат од тие закони.

Глумецот, кој неодамна призна дека е хомосексуалец, изјави дека не може да верува дека тоа се случува во земјата на „Чајковски, Нуреев, Џагиљев – геј уметници чија сексуалност ја одбележа нивната работа“.

Како што пишува „АП“, Русија ја забранила промоцијата на нетрадиционалните сексуални односи, на сите под 18-годинишна возраст, а казната за непочитување на законот може да варира од парична до затвор казна.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top