| четврток, 6 декември 2018 |

Тортијада во Бутел

На 13-ти овој месец во општина Бутел (ресторан „Александар”), со почеток во 17,00 ч. (ревијалан дел) и 19,30 ч. официјална свеченост, ќе се одржи Седмата тортијада – Слатка мистерија

tortijada

На оваа тортијада, за која подготовките течат повеќе од еден месец, учество ќе земат професионалци и аматери од девет (9) општини од Скопје: Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир, Карпош, Сарај, Сопиште, Градот Скопје и домаќинот општина Бутел.  Ќе бидат избрани најубавите три торти во двете категориии, (вкупно шест) и се разбира ќе бидат закитени со вредни награди, пехари и дипломи. На останатите учесници ќе им бидат доделени благодарници и пригодни подароци.

Сите торти ќе бидат ставени на продажба, а за наградените шест ќе биде организирана аукција во која ќе наддаваат деветте градоначалници и претставниците од бизнис секторот.

Собраните средства од продадените торти, како и од билетите за свечената вечера, ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Поточно, ќе одат во детската градинка „Страшо Пинџур” еден од објектите на ЈУ „11 Октомври” кој минатата година беше целосно демолиран од група насилници.

Седмата тортијада „Слатка мистерија” е во организација на домаќинот општина Бутел, како и на ХОА „Ангелчиња”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top