| четврток, 6 декември 2018 |

„Република“ истражува: 10 милиони евра во Буџетот од стари ергени и девојки

На Отворениот ден со граѓаните, македонската Влада повторно доби предлог - немажените, односно неженетите да плаќаат данок. Ова не е нов предлог... Последен пат за него зборуваше Ванчо Шехтански. Република тогаш направи истражување - колку пари би се собрале од оние кои не стапнале на лудиот камен

Ма­ке­до­ни­ја мо­ра да пре­зе­ме со­од­вет­ни сти­му­ла­тив­ни мер­ки за на­та­ли­те­тот, а ре­ше­ни­е­то е ер­ген­ски да­нок. Ова бе­ше пред­ло­гот на Ван­чо Шех­тан­ски, пре­тсе­да­те­лот на ТМРО. Тој прес­ме­та де­ка мла­ди­на­та ѝ дол­жи на др­жа­ва­та што вло­жу­ва­ла во се­кој по­е­ди­нец – бесп­лат­но обра­зо­ва­ние до 18 го­ди­ни, со­ци­јал­на за­шти­та, ми­ни­мал­на здрав­стве­на за­шти­та. Па, за­тоа мо­рал­но пра­во на др­жа­ва­та што фи­нан­си­ра­ла во по­е­ди­не­цот за оп­штес­тве­на ко­рист е да го санк­ци­о­ни­ра не­при­до­не­су­ва­ње­то за на­та­ли­те­тот пре­ку пла­ќа­ње да­нок. Тој да­нок би бил во ви­си­на од ед­на ме­сеч­на пла­та – го­диш­на та­кса на се­кој не­же­нет маж по­во­зра­сен од 35 го­ди­ни и на же­на по­во­зрас­на од 30 го­ди­ни.

Ва­кви­от пред­лог не на­и­де на сог­лас­ност ни­ту кај опо­зи­ци­ја­та, ни­ту кај по­зи­ци­ја­та. Со не­го не се сог­ла­си ни­ту по­ши­ро­ка­та јав­ност. Лу­до и не­ло­гич­но – ко­мен­ти­раа ко­рис­ни­ци­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи. Шех­тан­ски из­ле­зе и им се из­ви­ни:
– Пред­ло­гот за ер­ген­ски да­нок не на­и­де на по­зи­ти­вен одек во по­ши­ро­ка­та јав­ност, па од мое лич­но име им се из­ви­ну­вам на си­те за­сег­на­ти од овој пред­лог, кој го пов­ле­ку­ва­ме.

 

Сѐ по­ве­ќе раз­во­ди, по­мал­ку бра­ко­ви

Во те­кот на пр­ви­те шест ме­се­ци од го­ди­на­ва во Ма­ке­до­ни­ја би­ле склу­че­ни 6.230 бра­ко­ви. Се рас­пад­на­ле 1.099 брач­ни за­ед­ни­ци. Во 2011 го­ди­на суд­бо­нос­но­то „да“ го ка­жа­ле 14.797 брач­ни двој­ки. Крај на бра­кот ста­ви­ле 1.707 двој­ки. До­кол­ку се спо­ре­дат пр­ва­та по­ло­ви­на од 2012 го­ди­на со пр­ва­та по­ло­ви­на на 2011 го­ди­на, ко­га се склу­че­ни 6.295 бра­ко­ви, а се раз­ве­де­ни 960, мо­же да се зак­лу­чи де­ка бро­јот на но­ви бра­ко­ви опа­ѓа, нас­про­ти бро­јот на рас­пад­на­ти, кој рас­те.

 

„Ре­пуб­ли­ка“ ре­ши да прес­ме­та што би зна­че­ло за др­жав­на­та ка­са спро­ве­ду­ва­ње­то на ва­ква­та да­вач­ка. Нес­про­ве­ду­ва­ње­то по­пис на на­се­ле­ние во из­ми­на­ти­те 10 го­ди­ни ни ја отеж­на ра­бо­та­та, по­ра­ди што ова се не­пре­циз­ни по­да­то­ци. Во За­во­дот за ста­ти­сти­ка не по­сто­јат по­да­то­ци за тоа кол­ку од на­се­ле­ни­е­то што е по­во­зрас­но од 30, од­нос­но од 35 го­ди­ни не­ма за­ста­на­то пред ма­ти­чар. Но, го зе­мав­ме бро­јот на на­се­ле­ние во 2011 го­ди­на, а за про­цен­тот на не­вен­ча­ни се ра­ко­во­дев­ме спо­ред пос­лед­ни­те по­да­то­ци што по­сто­јат во ста­ти­сти­ка – од по­пи­сот во 2002 го­ди­на, иа­ко бро­јот на склу­че­ни бра­ко­ви опа­ѓа. То­гаш еди­на­е­сет про­цен­ти од же­ни­те од 30 до 34 го­ди­ни би­ле не­ма­же­ни, а кај же­ни­те од 34 до 44 го­ди­ни тој про­цент из­не­су­ва че­ти­ри про­цен­ти. Спо­ред по­да­то­ци­те во 2011 го­ди­на, од 1.027.136 же­ни, око­лу 76.000 се на во­зраст од 30 до 34 го­ди­ни. Слу­жеј­ќи се по про­цен­тот од 2002 го­ди­на, тоа би зна­че­ло де­ка око­лу 7.600 де­вој­ки на оваа во­зраст би ѝ пла­ќа­ле на др­жа­ва­та да­нок за­тоа што не за­ста­на­ле пред ма­ти­чар. Око­лу 140.000 же­ни во Ма­ке­до­ни­ја се на во­зраст од 35 до 44 го­ди­ни. Че­ти­ри про­цен­ти од нив се не­ма­же­ни, или 5.600 же­ни. Про­сеч­на­та ма­ке­дон­ска пла­та во август го­ди­на­ва из­не­су­ва­ла 20.965 де­на­ри, што би зна­че­ло де­ка 13.200 де­вој­ки го­диш­но би ја пол­не­ле ка­са­та за 276.738.000 де­на­ри или око­лу 4.500.000 евра. Ер­ге­ни­те од 35 до 44 го­ди­ни, пак, би ја збо­га­ти­ле др­жа­ва­та за 322.861.000 де­на­ри или око­лу 5.250.000 евра. Тоа пак би зна­че­ло де­ка ста­ри­те ер­ге­ни и де­вој­ки го­диш­но би го пол­не­ле др­жав­ни­от бу­џет со нај­мал­ку 599.599.000 де­на­ри или око­лу 9.800.000 евра. Оваа број­ка се од­не­су­ва са­мо на тие на во­зраст до 44 го­ди­ни, што зна­чи таа би до­стиг­на­ла и по­ве­ќе од 10.000 000 евра.

Не­вен­ча­ни­те се бун­ту­ва­ат

Кол­ку ова би при­до­не­ло во зго­ле­му­ва­ње на на­та­ли­те­тот во Ма­ке­до­ни­ја? Што е со тие што при­до­не­ле во зго­ле­му­ва­ње на на­та­ли­те­тот ка­ко са­мо­хра­ни ро­ди­те­ли… Ова се ни­за пра­ша­ња што се отво­ри­ја со ва­кви­от пред­лог.

– Мај­ка сум на ед­но­го­диш­но де­те. Не сум ма­же­на, ни­ту, пак, имам по­ба­ра­но не­го­ви­от би­о­ло­шки та­тко да го приз­нае. Имам 38 го­ди­ни и сме­тав де­ка ова ми е пос­лед­на­та шан­са да имам де­те. Зар јас ка­ко ин­ди­ви­дуа, ко­ја ете при­до­не­ла за на­та­ли­те­тот, тре­ба да ѝ пла­там на др­жа­ва­та са­мо за­тоа што не сум за­ста­на­ла пред ма­ти­чар?! Ка­ко са­мо­хра­на мај­ка оче­ку­вам одре­де­ни бе­ни­фи­ции, а не да ѝ пла­ќам на др­жа­ва­та – ве­ли скоп­јан­ка­та Ми­ле­на Ц.

Не­га­ти­вен став има­ат и по­го­лем број од мла­ди­те во зем­ја­ва. Ко­ја е по­тре­ба­та не­кој да се ома­жи за­тоа што таа ед­на пла­та што тре­ба да ја да­де за да­нок му е не­оп­ход­на за да ја пре­жи­вее го­ди­на­та.

– А, зо­што да не до­би­јам стан од др­жа­ва­та ко­га ќе се ома­жам? Зо­што не до­би­јам одре­де­ни да­ноч­ни ос­ло­бо­ду­ва­ња до­кол­ку ро­дам де­те? Кол­кав е тро­шо­кот за да соз­да­деш се­мејс­тво – стан­бе­но пра­ша­ње, ме­сеч­ни сме­тки, ме­сеч­ни тро­шо­ци, тро­шо­ци за де­те?! Нај­го­лем број од бра­ко­ви­те што се рас­пад­на­ле се рас­пад­на­ле ток­му по­ра­ди фи­нан­си­ски проб­ле­ми. Ај­де да се вен­ча­ме, па да се раз­ве­ду­ва­ме, са­мо за да не пла­ти­ме да­нок. Ќе нѐ на­пра­ви ли тоа по­среќ­ни? – ве­ли 30-го­диш­на­та Але­ксан­дра П.

Stari-ergeni-devojki-tabela

Сту­пид­на ини­ци­ја­ти­ва

И струч­ња­ци­те има­ат став за не­о­бич­ни­от пред­лог. Ма­ри­ја Ри­сте­ска од Цен­та­рот за истра­жу­ва­ње и за кре­и­ра­ње по­ли­ти­ка ве­ли де­ка ини­ци­ја­ти­ва­та отво­ра ед­на по­го­ле­ма те­ма на ода­но­чу­ва­ње за ко­ја де­ба­та­та пре­ста­на­ла со во­ве­ду­ва­ње­то ра­мен да­нок.

– Име­но, со ска­ле­сто ода­но­чу­ва­ње се соз­да­ва мно­гу по­пра­вед­но и ед­на­кво оп­штес­тво и се овоз­мо­жу­ва со­ци­јал­на инк­лу­зи­ја и про­мо­ви­ра­ње на за­ем­но­при­фа­те­ни­те вред­но­сти. Но, со ог­лед на фа­ктот што Вла­да­та е ка­те­го­рич­на за пра­ша­ње­то на ра­мен да­нок, иа­ко по­сто­јат по­да­то­ци спо­ред кои рам­ни­от да­нок вли­јае на зго­ле­му­ва­ње­то на со­ци­јал­ни­те раз­ли­ки ме­ѓу лу­ѓе­то, ин­ци­ја­ти­ви од ва­ков вид се про­пад­на­ти од старт и до­кол­ку се про­мо­ви­ра­ат изо­ли­ра­но, а не во рам­ки на по­ши­ро­ка де­ба­та за ска­ле­сто ода­но­чу­ва­ње се сог­ле­ду­ва­ат ка­ко да соз­да­ва­ат по­го­ле­ма не­ед­на­квост во ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво – ве­ли Ри­сте­ска и до­да­ва:

– Во исто вре­ме, ини­ци­ја­ти­ва­та се ос­но­ва на пре­ми­са­та де­ка ре­зул­тат на се­кој брак ќе би­дат де­ца, а за­бо­ра­ва де­ка не се­ко­гаш во се­кој брак има де­ца и де­ка де­ца мо­же да се ро­дат и без брач­на за­ед­ни­ца. Ба­рем на­ше­то за­ко­но­дав­ство уре­ду­ва за­ед­ни­ца на парт­не­ри што жи­ве­ат нај­мал­ку две го­ди­ни за­ед­но и ге­не­ри­ра­ат исти пра­ва ка­ко во брач­на­та за­ед­ни­ца, вклу­чи­тел­но и врз де­ца­та што би се ро­ди­ле во та­ква за­ед­ни­ца. От­та­му, сме­там де­ка ини­ци­ја­ти­ва­та е сту­пид­на, не­по­треб­на и нез­на­чај­на за ко­мен­та­ри.

Но­ва фор­ма на ста­ри­от пред­лог

За да­нок за не­ма­же­ни­те де­вој­ки и за ер­ге­ни­те не слу­ша­ме прв­пат. Ва­ков пред­лог има­ше и пред пет го­ди­ни, ко­га на нас­лов­на­та стра­ни­ца на „Утрин­ски вес­ник“ се по­ја­ви вест де­ка на де­вој­ки­те со на­вр­ше­ни 26 го­ди­ни и на мом­чи­ња­та со 28 го­ди­ни, кои не ус­пе­а­ле да ста­пат во брак, од пла­та­та ќе им се од­би­ва­ле до 1.000 де­на­ри ме­сеч­но. То­гаш овој ме­ди­ум об­ја­ви де­ка ва­кво из­не­на­ду­ва­ње се под­го­тву­ва­ло ка­ко дел од по­пу­ла­ци­ска­та по­ли­ти­ка на Вла­да­та, а де­ка тоа би се вгра­ди­ло во дел од ре­гу­ла­ти­ва­та за се­меј­ни­те од­но­си. Се­пак, оваа вест бе­ше де­ман­ти­ра­на од стра­на на др­жав­ни­от се­кре­тар во Ми­ни­стерс­тво­то за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка, Ду­шко Ми­нов­ски.

Пра­кти­ку­ван во све­тот

Ер­ген­ски­от да­нок не е не­поз­нат тер­мин за све­тот, па ду­ри ни за ре­ги­о­нот. Во Бу­га­ри­ја до 1990 го­ди­на не­же­не­ти­те и не­ма­же­ни­те ѝ пла­ќа­ле одре­де­на „каз­на“ на др­жа­ва­та за­тоа што не ста­пи­ле во брак. Каз­на пла­ќа­ле си­те не­ма­же­ни и не­же­не­ти што се вра­бо­те­ни. И во слу­чај да се ома­жат по над­ми­ну­ва­ње на гра­ни­ца­та, да­но­кот си го пла­ќа­ат до кра­јот на жи­во­тот. Но, во 1990 го­ди­на тој за­кон е уки­нат.

Ова се при­ме­ну­ва­ло и во Гер­ма­ни­ја. Оваа зем­ја ва­жи за ед­на од нај­стро­ги­те ко­га е во пра­ша­ње неск­лу­чу­ва­ње­то брак. Да­но­кот оди ду­ри до 45 про­цен­ти од бру­то-пла­та­та. Да­нок се пла­ќа и по склу­чу­ва­ње брак, до­кол­ку тоа не се слу­чи­ло во рам­ки­те на за­кон­ски­те гра­ни­ци. Во слу­чај и двај­ца­та парт­не­ри да на­пра­ви­ле свад­ба отка­ко ве­ќе нав­лег­ле во гру­па­та да­ноч­ни об­врз­ни­ци, пла­ќа са­мо ед­ни­от, а из­бо­рот оди спо­ред по­ви­со­ка­та стап­ка. Долж­ност да пла­ќа­ат има­ат си­те сам­ци, лу­ѓе што жи­ве­ат за­ед­но, а не се вен­ча­ни, раз­ве­де­ни, лу­ѓе што се во брак, а жи­ве­ат раз­де­ле­но, вдо­ви­ци и вдов­ци, лу­ѓе, чиј­што парт­нер жи­вее во странс­тво, а има­ат по­ве­ќе од 8.005 евра го­ди­шен при­ход. Ви­си­на­та на да­но­кот за­ви­си од при­ма­ња­та – кол­ку што се по­го­ле­ми при­ма­ња­та, тол­ку е по­го­лем да­но­кот. Тие со 8.005 евра пла­ќа­ат 14 про­цен­ти да­нок. Но, ко­га ќе се ро­ди де­те, до­би­ва­ат одре­де­ни бе­ни­фи­ции. Со тоа, на не­кој на­чин, се изед­на­чу­ва­ат па­ри­те што ги пла­ќа­ат ка­ко да­нок и па­ри­те што ги до­би­ва­ат ка­ко бе­не­фи­ци­ја.

Stari-ergeni-devojki-2

Ал­бан­ски мо­ми за ма­ке­дон­ски ер­ге­ни

Ил­јад­ни­ци ма­ке­дон­ски по­ста­ри ер­ге­ни во пос­лед­ни­те го­ди­ни ку­пу­ва­ат же­ни од Ал­ба­ни­ја ба­рај­ќи си ја пос­лед­на­та шан­са да фор­ми­ра­ат се­мејс­тво и да има­ат де­ца. Ва­кви­те бра­ко­ви се мно­гу че­сти во се­ла­та од за­пад­на­та стра­на на Вар­дар. Ку­пе­ни­те не­ве­сти нај­че­сто ста­ну­ва­ат жи­те­ли на ки­чев­ски­те, те­тов­ски­те, при­леп­ски­те, би­тол­ски­те, стру­шки­те, де­мир­хи­сар­ски­те се­ла… Во пос­лед­но вре­ме ку­пу­ва­ње­то не­ве­сти е акту­ел­но и за ку­ма­нов­ски­те се­ла. Во стру­шко­то се­ло Лу­ко­во се слу­чу­ва во те­кот на го­ди­на­та да не­ма ни­ту ед­на свад­ба. При­чи­на за тоа е не­до­сти­гот од же­ни.

Бе­ни­фи­ции за ро­ди­те­ли

Во све­тот е поз­нат тер­ми­нот ер­ген­ски да­нок, но е поз­нат и по­и­мот бе­ни­фи­ции за ро­ди­те­ли. Та­ка во САД во 2012 го­ди­на мо­же да се по­ба­ра­ат 3.800 аме­ри­кан­ски до­ла­ри ос­ло­бо­ду­ва­ње од да­нок за се­кое ква­ли­фи­ку­ва­но де­те, што вклу­чу­ва ва­ше де­те или до­ве­де­ник, по­сво­е­но де­те, брат или се­стра, вну­че. За да се ква­ли­фи­ку­ва за да­ноч­ни олес­ну­ва­ња, де­те­то мо­ра да жи­вее со ро­ди­те­ли­те по­ве­ќе од по­ло­ви­на од го­ди­на­та и е пом­ла­до од 19 го­ди­ни на кра­јот на го­ди­на­та или од 24 го­ди­ни и е ре­до­вен сту­дент. Ос­ло­бо­ду­ва­ње има и за тие што жи­ве­ат со ба­би и со де­дов­ци, или из­др­жу­ва­ат род­ни­ни со кои не мо­ра да жи­ве­ат. За нив сле­ду­ва ос­ло­бо­ду­ва­ње за из­др­жу­ва­ни ли­ца во из­нос од 3.800 аме­ри­кан­ски до­ла­ри за се­кој ква­ли­фи­ку­ван род­ни­на што не е ква­ли­фи­ку­ва­но де­те, до­кол­ку из­др­жу­ва­но­то ли­це е род­ни­на или по­сто­јан член на до­ма­ќинс­тво­то и е др­жав­ја­нин или жи­тел на САД или жи­тел на Ка­на­да или Ме­кси­ко, а не­ма под­не­се­но за­ед­нич­ка да­ноч­на при­ја­ва со не­кој друг и има бру­то-при­ход во 2012 го­ди­на по­мал од 3.800 до­ла­ри. Бе­не­фи­ции има и во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, ка­де што има на­ма­лу­ва­ње на пер­со­нал­ни­от да­нок до­кол­ку си во брак, во Ка­на­да, ка­де што по­крај дет­ски­от до­да­ток има и олес­ну­ва­ња до­кол­ку си во брак и имаш де­те, во Швед­ска, ка­де што, исто та­ка, има на­ма­лу­ва­ње на да­нок во за­вис­ност од брач­на­та со­стој­ба и од бро­јот на де­ца.

Stari-ergeni-devojki-3Бе­бе­то – сла­тка, но и ска­па ма­ка

Сла­тки­те ма­ки, ка­ко што се на­ре­ку­ва жи­во­тот со до­ен­че до­ма, се­пак има и сво­ја це­на. Иа­ко е, мо­же­би, неб­ла­го­дар­но да се збо­ру­ва за па­ри, гру­бо ка­жа­но, бе­бе­то зна­чи кол­ку уште еден па­кет ре­жи­ски тро­шо­ци, зна­чи не­ка­де око­лу 100 евра ме­сеч­но. Овие тро­шо­ци се па­зар­ни и не­ма ама баш ни­ка­ква по­мош од др­жа­ва­та во смис­ла на суб­ве­ни­ции и на­ма­лу­ва­ње на да­но­ци. Ро­ди­те­ли­те, обич­но, тро­шат од 1.500 до 2.000 де­на­ри ме­сеч­но са­мо за пе­ле­ни. Де­нес за мно­гу бе­би­ња е по­треб­на до­хра­на, а нај­ква­ли­тет­но­то ве­штач­ко мле­ко (или фор­му­ла, ка­ко го на­ре­ку­ва­ат пе­ди­ја­три­те), а кое ре­дов­но го из­би­ра­ат ро­ди­те­ли­те зна­чи тро­шок од 1.000 до 1.500 де­на­ри ме­сеч­но. Ту­ка ка­ко тро­шо­ци спа­ѓа­ат и еден куп ра­бо­ти за бе­бе­то ка­ко влаж­ни ша­ми­чи­ња, око­лу 200 де­на­ри за ме­сеч­но, раз­ни кре­ми, шам­по­ни – 200 де­на­ри ме­сеч­но, ле­карс­тва ка­ко ви­та­мин Д – (200 де­на­ри ме­сеч­но)… Еден од нај­гол­ми­те тро­шо­ци е об­ле­ка­та – око­лу 1.500 де­на­ри да го об­ле­че­те во об­ле­ка што де­те­то ќе ја израс­не за са­мо еден ме­сец. По ше­сти­от ме­сец бе­бе­то, по­крај мле­ко, пие и со­ко­ви, бе­бе­шки ка­шич­ки… Не мо­же да се по­ми­не ме­се­цот без 6.000 де­на­ри, а во за­вис­ност од дру­ги ра­бо­ти, тие мо­жат да стиг­нат и до 9.000 (раз­ни ле­карс­тва).

Пишува: Бил­ја­на За­фи­ро­ва
Фото:  Ѓорги Личовски

Текст објавен во 10. број на неделникот „Република“, 9.11.2012

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top