
Рама побара од пратениците да ги информираат своите гласачи за тешката состојба на економијата. Премиерот ја даде изјавата по извештај на консултантската куќа Делојт и Туш која вршеше анализа за економската состојба и јавниот долг на Албанија.
Економската ситуација во Албанија е полоша отколку што очекувавме, изјави албанскиот премиер Еди Рама на седница на парламентарна група на владејачката Социјалистичка партија.
Во врска со разговорите со претставници на ММФ кои се во Тирана од почетокот на минатата недела, албанскиот министер за финансии Шкелким Цани изјави дека преговорите со Фондот и Светска банка се тешки. Цани додаде дека ММФ бара од албанската Влада плаќање на долгот да почне во 2014 година, а Кабинетот бара одлагање до 2015 година заради економската криза.
ММФ бара од Владата во Тирана да не зголемува плати, пензии и инвестиции за да го намали долгот. Оваа недела се очекува во парламентарна комисија да биде внесен нацрт-буџетот за 2014 година и да биде потпишан нов тригодишен договор меѓу Владата, ММФ и Светската банка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


