| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ќе го наследи Шврговски?

Марко Зврлевски, според фелата, ќе биде нов државен јавен обвинител.

Актуелниот скопски јавен обвинител Марко Зврлевски е веројатниот нов државен јавен обвинител, посочуваат обвинителите за македонските медиуми. Љупчо Шврговски, кому овој месец  му истекува 6 годишниот мандат, се уште не открива за медиумите дали ќе „бара“ втор мандат.

На Шврговски му истекува мандатот

На Шврговски му истекува мандатот

Скопскиот јавен обвинител Зврлевски за телевизијата Алфа потврдил дека се кандидирал за местото на Шврговски.  Тој веќе23 години работи како обвинител, а меѓу позначајните негови предмети е случајот со тутунскиот бос Бајруш Сејдиу.

Кандидатурата за местото државен обвинител е отворена за сите обвинители. Кандидатурата се поднесува до Парламентот, тој ги достава до Владата, таа бара мислење од Советот на јавни обвинители. Потоа, Владата го избира државниот обвинител, а парламентот му го верификува мандатот.

Шврговски преку медиумите најави дека доколку не се кандидира, ќе се повлече од обвинителството. Досега ниеден македонски државен обвинител нема добиено два мандати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top